
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на почетокот на следниот месец, во рамки на подготовките за новата сезона, ќе одиграат две пријателски средби во Солун, а потоа ќе учствуваат на турнир во Сараево.


Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на почетокот на следниот месец, во рамки на подготовките за новата сезона, ќе одиграат две пријателски средби во Солун, а потоа ќе учствуваат на турнир во Сараево.
Играчите на македонскиот првак, на 5-ти и 6-ти септември ќе престојуваат во Солун, каде ќе одиграат контролни средби со ПАОК, кој сезонава ќе игра во новоформираната Лига на шампиони на ФИБА и турскиот прволигаш Газиантеп.
Десетина дена по овие средби, МЗТ Скопје Аеродром ќе настапи на уште еден силен меѓународениот турнир „Мирза Делибашиќ“ во Сараево (15-ти и 16-ти септември).
Покрај МЗТ на турнирот ќе учествуваат организаторот Босна Ројал, односно хрватскиот и црногорскиот шампион, Цедевита и Будуќност.