13 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 25.08.2016

Дневен хороскоп 25.08.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку планирате пат бидете внимателни. Чувствувате блокада која ви го одзема вниманието и тешко ќе можете да се концентрирате на патот. Особено внимавајте на оние места што се покрај река или езеро. На работното место ви се јавуваат недоразбирања со колегите, но вие вешто ги избегнувате расправиите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Особено ви пречи кога ќе морате да се вратите назад и да преработувате нешто што веќе е сработено. Колку и да се буните и да праќате отровни стрели кон претпоставените, денес ќе морате да се справите со работите што веќе сте ги заборавиле.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Разговорите што ги имавте во изминатата недела, денес можат да ви донесат успешен договор и континуиран финансиски прилив во следниот период. Партнерот е импулсивен и реагира несоодветно. Поради тоа најдобро е што помалку да му кажувате за да не го предизвикувате неговиот бес.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидете тактични какви што сте и не дозволувајте да влезете во конфликт со претпоставениот. Вам мислите ви се на друга страна и не внимавате на работата. Затоа не бранете си ги грешките, туку поправете ги и молчете. Промените кои долго ги очекувате се уште не се случуваат и тоа ви влева дополнителна нервоза.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес е можна средба во врска со некоја задача која одамна сте си ја зацртале да ја остварите. Сериозноста со која пристапувате кон работите секако ќе ви донесе успех. Но вас ни тоа не ве радува. Вродениот песимизам ги тера колегите да се дистанцираат од вас и да ве избегнуваат.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе имате пријатен и релаксиран ден. Работната недела е при крај и време е да ги оставите работите такви какви што се и да се одморите. Следната недела ве чекаат нови работни предизвици и нема потреба да се напрегате без некои видливи резултати.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Најдобро е деновиве времето да го поминете во домот за да не дојде до расправија со партнерот. Нему му пречат вашите пријатели и го користи секој момент да ги искритикува. Ако сте сами, очекувајте ненадеен глас во врска со некоја личност што ве интересира.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку сте слободни и упорно во мислите се враќате во минатото, денес престанете да размислувате, затоа преземете акција и јавете се. Во периодов ви недостасува храброст, но тоа не значи дека сосема сте се смениле.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе решавате некој проблем во врска со постар човек од семејството. Не поднесувате авторитети, и на секој начин се обидувате да го намалите нивното влијание врз вас. Бидете внимателни и не решавајте го проблемот со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Чувствувате голем револт во однос на претпоставениот, но вашата природа не ви дозволува да реагирате на соодветен начин. Парите кои ги очекувате се уште не доаѓаат, но сепак, се појавуваат некои шанси кои се знак дека на крај сe ќе заврши добро. Партнерот се повеќе се дистанцира од вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе добиете шанса да напредувате. Од вас зависи дали ќе ја искористите или ќе се заглавите во детали и нема да ги забележите големите нешта. Емотивно сте нестабилни и чувствувате страв од самотија.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Како да имате потреба за нешто повеќе од тоа што ви се нуди. Се обидувате да дофатите некој замислен идеал и се чувствувате емотивно празни. Партнерските односи ви се напнати и ако барате вина за тоа, барајте ја кај себе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП