12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз од Словенија за крај на подготовките

Пораз од Словенија за крај на подготовките

bakset mak33

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги заврши подготовките за настап во квалификациите, преку кои ќе бара пласман на Европското првенство наредната година. Македонските кошаркари во Марибор загубија од Словенија 82-67.

Добро прво полувреме, по кое Словенците имаа предност од пет поени (43-38), одиграа избраниците на Драган Раца, но во пораз ги однесе лошиот финиш на третата и стартот на последната четвртина.

Македонските играчи во последните три и пол минути од третиот период не постигнаа кош од игра, во тој период реализираа само три слободни фрлања, а во последната четвртина цели четири минути беа без поени.

На крајот Словенците предводени од Препелиќ кој постигна 18 кошеви запишаа убедлива победа. Македонија одново ја предводеа браќата Стојановски, Војдан постигна 14, а Дамјан 12 поени.

Квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година Македонија ќе ги започне против Луксембург на 31.август, а противници во групата уште ќе бидат Велика Британија и Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП