18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Ѓорческа експресно елиминирана во квалификациите

УС Опен: Ѓорческа експресно елиминирана во квалификациите

гјор

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото квалификациско коло на последнот Грен слем во сезоната, УС Опен.

Ѓорческа, која на ВТА листата се наоѓа на 222-то место на теренот мина 48 минути и успеа да освои само два гема (6-0, 6-2) против 17-годишната Американка Кетрин Бејлис.

Бејлис, 158-ма на светот е најмладата тенисерка која забележала победа во првото коло на турнирот, таа пред две години ја победи Доминика Цибулкова.

Ѓорческа во првиот сет не освои ниту еден гем, првиот сет го загуби за само 18 минути, а во вториот освои два гема.

Бејлис доколку сака да игра во главната фаза на турнирот ќе мора да мине уште две квалификациски рунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП