10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон се соочува со сериозна казна пред ГН на Белгија

Хамилтон се соочува со сериозна казна пред ГН на Белгија

hami00

Лидерот во првенството на Формула 1, Луис Хамилтон, се соочува со сериозна казна во пресрет на трката за Големата награда на Белгија, која викендов ќе се вози на легендарната патека Спа Франкошамп.

Судбината на возачот на Мерцедес ќе биде позната в четврток или најдоцна в петок, а му се заканува казна од 10 или 20 места од времето кое ќе го забележи во квалификациите.

Трикратниот светски првак во пресрет на трката во Белгија, Хамилтон на својот болид сменил повеќе делови од она што е дозволено.

Од евентуалната казна на Хамилтон најмнгу ќе профитира неговиот тимски колега Нико Розберг, кој во вкупниот пласман има 19 бодови помалку од Британецот.

Трката во Белгија ќе се вози на 28.август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП