17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладинскиот репрезентативец Цветковски две години во МЗТ

Младинскиот репрезентативец Цветковски две години во МЗТ

окок

Членот на младинската кошаркарска репрезентација на Македонија, Андреј Цветковски (19 год, 190 см), во средата го стави потписот на двегодишниот договор со МЗТ Скопје Аеродром. Младиот бек ќе биде дел од тимот кој сезонава ќе се натпреварува во двете домашни натпреварување, односно во Еврокупот и АБА лигата.

Инаку, Цветковски е дел од тимот уште од почетокот на подготвките, а тренерот Емил Рајковиќ, очекува тој да биде од голема помош во ротацијата, со оглед на тоа дека МЗТ сезонава го очекуваат голем број на натпревари.

Минатата сезона тој беше дел од тимот на Работнички. Талентираниот бек на неодамнешното младинско ЕП-дивизија Б во Грција настапи на седум натпревари на кои имаше просек од 9,1 поен и 2,9 скокови. Претходно тој беше дел од кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија, со вкупен настап на пет континентални собири од Б-дивизијата во периодот од 2012 до 2016 година.

Цветковски е осмото засилување за МЗТ во пресрет на новата сезоната, договори со клубот веќе потпишаа Американците Џош Скот, Џеремаја Мејси и Ксавиер Темс, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Ѓорѓе Дреновац и Урош Лучиќ, Хрватот Јуре Лалиќ како и членот на најдобрата македонска селекција, Марко Симоновски. Под договор се уште и неговиот колеги од националниот тим, Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП