2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАкраповиќ и Хасани: Со помош на публиката до историски успех

Акраповиќ и Хасани: Со помош на публиката до историски успех

akrapovic hasani3344

Фудбалерите на Шкендија, в четврток, ќе го одиграат најзначајниот натпревар во клупската историја, натпревар преку кој ќе се обидат да стигнат до фазата по групи во Лига Европа. Противник на Шкендија е белгиски Гент, кој на реваншот во Скопје доаѓа со предност од 2-1 остварена на првиот меч во Белгија.

Шкендија еден натпревар ја дели од местото каде што ниту еден тим од Македонија не бил досега, фазата по групи во второто според квалитет натпреварување на УЕФА, Лига Европа.

Тетовскиот тим првиот меч го загуби 2-1, иако имаше предност од еден гол, а головите ги прими во судиското надополнување на времето во првото, односно второто полувреме.

„Имаме историска шанса, се надевам дека ќе ја искористиме. Очекувам тежок натпревар, но се надевам дека моите играчи ќе одиграат квалитетно и дека ќе забележат победа. Никако не смееме на Гент да му дозволиме да ја наметне својата игра. За да победиме ќе ни биде неопходна помош и од публиката, за која се надевам дека ќе дојде во голем број“, рече на прес конференцијата тренерот на Шкендија, Бруно Акраповиќ.

Најдобриот играч на Шкендија, репрезентативецот Ферхан Хасани потенцира дека тимот покажал дека може да се носи со посилни екипи.

„Ако играме како на претходните натпревари Шкендија ќе победи, тоа ќе го постигнеме со поддршка од трибините“.

Инаку, во јавноста се шпекулира дека играчите добиле ветување од газдата Лазим Дестани дека ќе поделат премија од 500.000 евра, доколку се пласираат во фазата по групи во ова натпреварување.

„Најголема премија за нас ќе биде пласманот во Лига Европа“, рече Хасани.

Натпреварот Шкендија-Гент ќе започне во 20 часот, а ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП