6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарковиќ се повлече од кошаркарската репрезентација на Србија

Марковиќ се повлече од кошаркарската репрезентација на Србија

marko

Плејмејкерот на српската кошаркарска репрезентација Стефан Марковиќ (28) реши да се повлече од националниот тим, објавија медиумите во оваа земја. Марковиќ повлекувањето го објави по враќањето на репрезентацијата од ОИ во Рио, каде Србија го освои сребрениот медал.

Стефан Марковиќ заедно со Милош Теодосиќ и Мирослав Радуљица е единствениот од актуелниот српски состав кој од 2009 година учествувал во освојувањето на сребрените медали на европското првенство во Полска (2009), светското првенство во Шпанија (2014) и ОИ во Рио (2016).

Овие тројца имаат и злато од светското првенство за играчи до 19 години одржано во 2007 година.

„Ми недостигаше олимписки медал, сега и тој е тука. Освоив со репрезентацијата се што можев. Одиграв три големи финалиња. Чест и привилегија беше да се биде дел од репрезентацијата“, рекол Марковиќ, за кого последен меч во репрезентацијата беше финалето во Рио де Жанеиро против САД, кое Србија убедливо го загуби (66-96).

Капитенот на Србија, Милош Теодосиќ, рекол дека се надева дека Марковиќ ќе ја смени одлуката и најавил дека тој ќе продолжи да го носи националниот дрес.

Марковиќ беше еден од најдобрите играчи на Србија на олимпијадата во Рио, а импресивни партии пружи во четвртфиналето против Хрватска и полуфиналето против Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП