18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДраговиќ го засили Баер Леверкузен

Драговиќ го засили Баер Леверкузен

dragovic 333

Австрискиот репрезентативец, Александар Драговиќ, кариерата ја продолжува во Бундеслигата во дресот на Баер Леверкузен. Драговиќ со Баер потпишал петгодишен договор, а од неговиот трансфер во Германија Динамо Киев ќе добие 18 милиони евра.

„Киев за мене беше само една станица во мојата кариера. Сега сум возбуден што добивам можност да се испробам во едно од најсилните национални првенства во Европа“, ја пренесува изјавата на Дараговиќ, Bild.

Централниот дефанзивец стана вториот најскап играч во историјата на „фармацевтите“, кои на почетокот на преодниот рок за напаѓачот Кевин Фоланд на Хофенхајм му платија 20 милиони евра.

Трансферот изнесува 18 милиони евра, а Динамо Киев од овој трансфер заработи девет милиони евра, бидејќи толкава сума на пари му плати на Базел пред три години.

Интерес за Драговиќ во овој преоден рок покажуваа Лестер и Тотенхем, но тој се реши кариерата да ја продолжи во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП