19 јуни, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.08.2016

Дневен хороскоп 24.08.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Вишокот гордост во моментов може да ви пречи или да ве наведе на некој погрешен заклучок. Нема потреба да инсистирате за лидерската позиција. Вистинските експерти секогаш се познаваат по делата. Сочувајте се од ироничните ситуации, нечиј гест ќе делува како погрешен емотивен сигнал.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не треба да зборувате за некоја стара слава кога ви се нуди нова деловна прилика. Успехот подразбира информираност за различните аспекти и замислена акција. Проценете го најдобриот момент за деловна иницијатива. Подложни сте на чести промени на расположението, умеете да заблескате или наеднаш да се повлечете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

На директен начин го изразувате незадоволството поради некои нови ситуации во деловното опкружување. Ве нервира нечие однесување или неправдата која ја доживувате во друштво на деловните партнери. Избегнувајте ги непотребните сметки и обврски. Иако сте во емотивна фаза, нема потреба да го иритирате саканото лице.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некој во последен момент инсистира на промена на деловниот договор и користи лукавост. Нема потреба да ја докажувате способноста во погрешни ситуации или кога не постојат услови за деловна рамноправност. Љубовниот партнер не може да ги исполни вашите барања.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Во ваш интерес е да го избегнувате сомнителното друштво или личноста која директно ве деконцентрира во деловните акции. Секој треба да формира листа на приоритетни цели и ефикасно да го заврши својот дел од деловните обврски. Не треба претерано да се грижите поради недостатокот на инспирација.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Мотивирани сте за нов деловен успех, па затоа прифатете ја натпреварувачката атмосфера или идејата која ви ја предложува едно влијателно лице. Вашите очекувања не можат да се остварат во целост, но тоа не е причина за незадоволство.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Важно ви е да се разликувате во професионална смисла или на начин кој остава голем впечаток на вашата околина. Соберете го околу себе тимот од проверени соработници со цел на најдобар начин да ги разработите сите аспекти на успешната деловна стратегија.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес имате премногу обврски и не сте во состојба да забележите што се случува околу вас. Додека вие се обидувате да се докажете и да напредувате, еден од колегите ви работи зад грб. Бидете претпазливи и не обидувајте се на сила да докажете дека сте во право.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сакате да ги потенцирате своите успеси, но во овој период е најдобро да ги смирите страстите и да не претерувате. Вашето однесување ви носи многу непријатели и никогаш не се знае кога ќе почнат да делуваат. Денес ве очекува финансиски прилив. Мудро распоредете ги средствата и не изложувајте се на преголеми трошоци.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Работите под голем притисок и тоа ви создава тензија. Приходите се добри, но сепак вложувате голем труд што би требало да биде повисоко вреднуван. Денешниот разговор со претпоставениот ќе ви внесе голема надеж. Партнерските односи ви се тешки и никако да воспоставите баланс помеѓу вас и партнерот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу сте принципиелни и тоа може да ве доведе до расправија со претпоставените. Бидете внимателни и не откривајте ги адутите што ги имате, за да не дојдете во ситуација да бидете изманипулирани. Денес е можен прилив на пари. Ако сте слободни, можно е да добиете знаци од една личност која сте ја сметале за пријател.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете сериозни и прифатете ја можноста што ви се нуди. Време е да престанете да се грижите за другите и да размислите за себе и за својот статус. Се чувствувате емотивно стабилни и тоа ќе ви даде енергија повеќе да и се посветите на работата. Ако сте во брак, денес не правете непотребна тензија кон партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП