
Кошаркарската репрезентација на Македонија во Словенија ги финишира подготовките за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.


Кошаркарската репрезентација на Македонија во Словенија ги финишира подготовките за настап во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.
Македонија и Словенија, во вторникот, го одиграа првиот од двата контролни натпревари. Натпреварот во Марибор се одигра зад затворени врати, а според информациите Словенците победиле со 84-68.
Вториот натпревар ќе се одигра денес во 20 часот, а истиот ќе го пренесува државната телевизија на Словенија.