6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорто ја нокаутира Рома, Селтик се провлече против Хапоел

Порто ја нокаутира Рома, Селтик се провлече против Хапоел

noka1

Фудбалерите на Порто, Селтик, Легија, Монако и Лудогорец изборија пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Порто во реваншот ја прегази Рома со 3-0 и со вкупни 4-1 го задржа континуитетот на настапи во елитното натпреварување. Порто шеста сезона во низа ќе игра во Лигата на шампионите.

Монтеиро во осмата минута го отвори резултатот, потоа Де Роси во 39-та и Емерсон Палмиери во 50-та минута, поради брутални стартови добија директни црвени картони.

Со двајца играчи помалку Рома се обиде да нападне но Порто од две контри стави точка на натпреварот. Во 73-та и 75-та минута стрелци беа Лајун, по грешката на голманот Шчесни и Корона.

Бугарскиот првак Лудогорец, втор пат во три години ќе игра во фазата по групи, откако со вкупни 4-2 ја мина Викторија Плзен.

По триумфот од 2-0 на домашен терен, Лудогорец во Чешка ремизираше 2-2.

Селтик беше на раб на елиминација во дуелот со израелскиот Хапоел, но благодарение на победата од 5-2 во првиот меч го однесе во групната фаза. Хапоел победи со 2-0, но при резултат 0-0, Ради не реализира пенал.

Монако и Виљареал одиграа здодевен меч, а домаќинот победи со 1-0, со голот на Фабињо од пенал, постигнат во финишот на мечот. Францускиот тим славеше и на првиот меч во Шпанија со 2-1.

Легија ќе дебитира во Лигата на шампионите, откако во двомечот го елиминира Дандалк со вкупни 3-1. Во Ирска Легија славеше со 2-0, а во реваншот откако полскиот тим остана со играч помалку, Дандалк стигна до 1-0, но наместо продолженија, Легија со гол во последните минути успеа да избори 1-1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП