2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилевски го објави списокот за мечевите со Шкотска и С.Ирска

Милевски го објави списокот за мечевите со Шкотска и С.Ирска

bobi milevski 333

Квалификациите за пласман на Европското првенство, за фудбалери до 21 година, влегуваат во самата завршница, во која македонската репрезентација ќе се обиде да ја избори втората позиција во Група 3 која носи дополнителен бараж.

Младите македонски фудбалери во септември ги очекуваат два дуели од квалификации за пласман на Европското првенство, најпрвин ќе гостуваат во Шкотска на 2.септември, а по четири дена во Скопје ќе гостува Северна Ирска.

Селекторот на репрезентација Благоја Милевски за овие два натпревари повика 20 фудбалери.

„Се соочуваме со здравствени проблеми, но се надевам дека сите фудбалери ќе бидат во комбинација за претстојните натпревари. Ќе играме со истата филозофија како и на претходните дуели, овие фудбалери можат да го спроведат тоа на теренот. Во групата има квалитетни селекции, но ние покажавме дека поседуваме квалитет да им се спротивставиме. Шкотска е составена од играчи кои се стандардни во нивното првенство, четворица се играчи на Глазгов Ренџерс, има играчи кои играат и во Англија, Португалија“, рече селекторот Милевски.

Инаку на табелата во Групата 3 води Франција со 14 бодови од седум одиграни натпревари, Исланд е втор со 12 бодови од шест одиграни натпревари, ист број на бодови има и Македонија на третото место, но и меч повеќе од Исланѓаните.

Шкотска е на четвртата позиција со осум бодови од шест одиграни мечеви, Украина со четири бода е претпоследна, а Северна Ирска со еден бод е последна во групата.

Списокот на Милевски за мечевите со Шкотска и Северна Ирска:

Голмани: Алексовски (Вардар), Шишковски (Работнички)

Одбрана: Зајков (Шарлероа, Белгија), Велкоски (Вардар), Муслиу (Ренова), Амановиќ (Јавор, Србија), Муслиу и Бејтулау (Шкендија)

Среден ред: Николов (Вардар), Барди (Ујпешт, Унгарија), Филиповски (Силекс), Елмаз (Работнички), Давид Бабунски и Аврамовски (Црвена ѕвезда, Србија)

Напад: Радески и Демири (Шкендија), Маркоски (Работнички), Петковски (Вардар), Костадинов (Злате Моравце, Словачка), Пивковски (Ладскрона, Шведска).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП