25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорческа против Белис во квалификациите на УС Опен

Ѓорческа против Белис во квалификациите на УС Опен

lina gjorceska 3535

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која низ квалификациите ќе се обиде да обезбеди настап на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен, го дозна името на противничката во првото коло.

Ѓорческа (222-ра на ВТА листата) во првата рунда од квалификациите на УС Опен ќе игра против моментно 158-та во светот, Американката Кетрин Белис.

Белис има 17 години, важи за исклучително талентирана тенисерка, која пред две години низ квалификациите стигна до главниот турнир на УС Опен, а успеа преку Доминика Цибулкова да се пласира и во второто коло.

Кога ја совлада Цибулкова Белис имаше 15 години и четири месеци со што стана најмладата тенисерка која победила во еден меч на УС Опен.

Зад името на Белис стои и дека таа на 15-годишна возраст е јуниорска светска првенка во тенис.

Мечот Лина Ѓорческа-Кетрин Белис на програмата е в среда, во 17 часот, по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП