11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОпел го укинува сменското работење, намалена побарувачката по Brexit

Опел го укинува сменското работење, намалена побарувачката по Brexit

opel znak2

Германската автомобилска компанија Опел ќе мора да го скрати работното време во фабриките, бидејќи падна побарувачката за одредени модели по Brexit.

Скратувањето на работното време ќе ги опфати погоните во Раселхајм, во близина на Франкфурт и Ајзенах, во централна Германија, каде што вкупно 5.000 работници ги произведуваат моделите „Инсигниа“ и „Корса“.

„Не можеме да го потврдиме точниот број на работни денови што ќе бидат укинати. Тоа во главно ќе зависи од обемот на продажбата на моделите „Инсигниа“ и „Корса“ во Обединетото кралство“, се наведува во соопштението од компанијата.

Компанијата Опел, во сопственост на американски GM, продава во Британија под својот бренд „Vauxhall“, повеќе возила од било која друга европска земја.

Но забавувањето на продажбата и послабата фунта веројатно ќе ги нагризат овогодишните финансиски резултати на компанијата.

Фунтата претрпе остар пад во деновите по одлуката Велика Британија да излезе од ЕУ, а одделни посматрачи очекуваат понатамошен пад на британската валута во однос на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП