20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Охридски пливачки маратон“ по 30 – ти пат

„Охридски пливачки маратон“ по 30 – ти пат

maraton oh3

Големата спортска меѓународна манифестација „Охридски пливачки маратон“, кој годинава се одржува по 30 – ти пат, започнува во сабота напладне од комплексот „Св. Наум“.

На 30 километри долгата патека „Климе Савин“ ќе се натпреваруваат вкупно 17 пливачи од целиот свет, осум во машка и девет во женска конкуренција. На годинешниот маратон Република Македонија ќе ја претставуваат Евгениј Поп Ацев, Томи Стефановски и Александар Илиевски.

На манифестацијата ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а вечер во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, ќе се обрати на свечениот прием на пливачките маратонци и ќе ги врачи наградите и пехарите на победниците на годинешниот „Охридски пливачки маратон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП