6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА: Партизан, АЕК и Зијелона Гора во Лигата на шампионите

ФИБА: Партизан, АЕК и Зијелона Гора во Лигата на шампионите

bs ls 333

Кошаркарските клубови Партизан, АЕК Атина и Зијелона Гора сезонава ќе играат во Лигата на шампионите која ја организира ФИБА Европа.

ФИБА во соопштението наведува дека ги прифатила молбите на овие три клуба за учество во Лигата на шампионите, што значи дека ова натпреварување во новата сезона ќе брои 40 екипи.

Партизан, АЕК и Зијелона Гора во првата фаза ќе играат во Е групата заедно со Бешикташ, Динамо Сасари, Лудвигсбург, Шарлроа и Сонлок.

По завршувањето на првата фаза, во наредната рунда ќе се пласираат 24 екипи, односно најдобрите четири од секоја група, како и четири екипи кои ќе завршат на петтото место во фазата по групи.

Петте победници на групите и три најдобро второпласирани тимови директно ќе одат во плејофот, а преостанатите 16 тимови ќе се борат за пласман во разигрувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП