2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРио 2016: Гетлин без финале на 200 метри, Болт најбрз

Рио 2016: Гетлин без финале на 200 метри, Болт најбрз

oo

Светскиот рекордер Јусеин Болт со најдобар резултат (19,78 секунди) избори пласман во финалето на трката на 200 метри, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Болт според очекувањата се пласира во финалето на 200 метри, каде ќе ги брани златните медали освоени на претходните две олимпијади, но вест на денот е Џастин Гетлин кој не успеа да избори место во финалето.

Американецот, во полуфиналето, оставри време 20,13 секунди и за три стоти дела од секундата не успеа да мине во финалето.

Покрај Болт финале изборија Андре де Грас од Канада (19,80) кој на 100 метри освои бронза, потоа Лешон Мерит (19,94), односно Кристиф Лемер, Алонсо Едвардс, Адам Џемили, Рамил Гулијев и Чуранди Мартина.

Финалната трка на 200 метри на програмата е во ноќта помеѓу четврток и петок во 3:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП