23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Без победник во Порто

ЛШ: Без победник во Порто

roma-porto333

Фудбалерите на Лудогорец, Монако, Селтик и Легија Варшава се блиску до пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите, откако стекнаа поволни резултати по првите плејоф мечеви. Најнеизвесно ќе биде во дербито Порто-Рома кое по 90 минути заврши 1-1.

Дербито на „Драгао“ заврши без победник, иако и двата тима имаа свои шанси за победа. Рома доминираше во првото полувреме кога постигна гол (автогол на Монтеиро во 21.минута), а нејзините играчи промашија уште неколку изгледни шанси.

Но работите на теренот се сменија во 42.минута кога Вермален поради вториот жолт картон мораше да го напушти теренот.

Порто притисна во второто полувреме, а израмни по еден час игра од пенал со голот на Силва.

Селтик-Хапоел 5:2

Дандлак-Легија 0:2

Виљареал-Монако 1:2

Лудогорец-Викторија Плзењ 2:0

Порто-Рома 1:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП