2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто работата е добра за вашето здравје?

Зошто работата е добра за вашето здравје?

rabota3

Во низата вести кои го поврзуваат работното опкружување со лоши последици врз здравјето, тешко е да ги препознаеме добрите страни на состојбата на стална вработеност.

Кога станува збор за здравјето, работата обично има лоша репутација и се врзува со разните проблеми предизвикани од прекумерното седење, растроеното спиење поради работењето во смени и ред други негативни последици. Но, новото истражување кое го спровело британското министерство за труд, покажало дека вработените лица помалку се разболуваат, имаат помал ризик од заболување од хронични болести, помали се шансите да патат од ментални болести и генерално, имаат пониска стапка на смртност.

Се разбира, овие позитивни последици се однесуваат на оние кои имаат добра работа, со солидна плата, редовен годишен одмор, разумно работно време, се чувствуваат задоволни и сметаат дека припаѓаат во таа околина.

Воедно, оние кои имаат добар однос со колегите, ќе живеат подолго – покажало истражувањето. Чувството на припадност на некоја група претставува друштвена „сигурносна мрежа“, која се поврзува со долгиот животен век кај луѓето.

Исто така, вашата работа ви помага да се чувствувате корисни. Некои истражувања покажуваат дека сe поголем е бројот на луѓе кои одлучуваат да работат и во својата длабока старост, бидејќи сакаат да имаат причина да станат наутро од својот кревет, а тоа му дава смисла на човечкиот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП