30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРио 2016: Уапсен претседателот на Европските олимписки комитети

Рио 2016: Уапсен претседателот на Европските олимписки комитети

apsenje oi

Претседателот на Европските олимписки комитети (ЕОК), Патрик Хики е уапсен во Рио де Жанеиро, поради илегална продажба на влезници за олимписките натпревари, објави британскиот сервис BBC повикувајќи се на бразилските медиуми.

Локалната полиција рекла дека Хики (71) се обидел да избега и дека неговата здравствена состојба се влошила поради што бил хоспитализиран.

Агенцијата АП јави дека обвинителството во Рио де Жанеиро издало налог за апсење под сомнение дека Хики, заедно со уште шест лица, организирал илегална продажба на влезници за натпреварите на Олимписките игри.

Локалната полиција запленила повеќе од 1.000 билети кои му биле доделени на Олимпискиот комитет на Ирска.

Хики е претседавач на Олимпискиот совет на Ирска и е член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП