8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОриз и млекце, спакувани во сутлијаш

Ориз и млекце, спакувани во сутлијаш

zd

Веќе долго време се зборува колку е важен калциумот за правилниот раст и развој за вашите најмали. Но се почесто се зборува дека децата одбиваат да пијат, млеко, јогурт или да јадат млечни производи, на сметка на други за нив слатки работи.

За разлика од многуте десерти, традиционалниот сутлијаш е вистински избор за вашето дете. Богатата палета на висококвалитетни млечни производи изработени од внимателно одбрано и прецизно селектирано 100% македонско млеко, на Млекара Здравје Радово го соддржи и познатиот млечен десерт Сутлијаш.

Тој е подготвен по стар проверен и традиционален рецепт, но со нова, модерна технологија која на сутлијашот му дава оригинален вкус.

Традицијата на домашна подготовка на овој стар рецепт, сега е надополнет со модерна технологија, но и секогаш свежо млеко кое се користи само при подготовка на овој производ.

sut

 

Технологијата на подготовка на сутлијашот овозможува зачувување на сите хранливи состојки кои ги има само свежото млеко во комбинација со домашен ориз. Во подготовката на сутлијашот се запазени сите стандарди пропишани со регулативите на  ЕУ.

Сутлијашот до корисниците доаѓа во атрактивно пакување од 150 грама, кое ја задржува свежината, вкусот и хранливата вредност на состојките.

Покрај како десерт, Млекара Здравје Радово, новиот производ Сутлијаш го препорачува и како оброк за сите оние кои внимаваат на својата здрава исхрана, особено за најмладите на кои им е најпотребен  внесот на калциум од млечните производи како и јаглехидратите и корисните протеини кои ги има оризот.

Дајте му на Вашето дете,висококвалитетен млечен производ, кој со задоволство ќе го консумира…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП