27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei P9 ја доби наградата „Европски кориснички паметен телефон за 2016-17“ на...

Huawei P9 ја доби наградата „Европски кориснички паметен телефон за 2016-17“ на годинешните EISA Awards

huuuu

Huawei Consumer Business Group со задоволство објавува дека Huawei P9 е назначен за „Европски кориснички паметен телефон за 2016-17“ од страна на European Image and Sound Association (EISA). Ова е четврта година по ред каде Huawei е признат во оваа категорија како резултат на унапредувањето на нивната посветеност во спроведување на најдобриот безкомпромисен квалитет и дизајн.

Дизајниран со цел повторно да ја открие фотографијата кај паметните телефони, Huawei P9 е првиот паметен телефон кој е ко-креиран со глобалниот легендарен бренд, Leica Camera AG. Камерата на P9 со двоен објектив ја носи фотографијата кај паметните телефони на сосема ново ниво, овозможувајќи им на корисниците да ги фатат живите бои како и впечатливите црно бели слики со досега невидена јаснотија, богатство и автентичност.

Huawei P9

Наградениот Huawei P9 со „Европски кориснички паметен телефон за 2016-17“ беше пофален од страна на EISA судиите кои објавија: „Најголемата вредноста е да ги доловите важните моменти на вистинскиот начин, тоа е квалитет што не смее да се потценува. А Huawei P9 ги има токму тие вредности. Спортски со 5.2-инчен IPS-NEO LCD со Full HD резолуција, octa-core HiSilicon Kirin 955 SoC и Android OS 6.0 со Emotion UI 4.1, со еден збор P9 е направен од импресивен избор на материјали. Но, тоа не е сè, Huawei ја создава историјата со тоа што е првиот производител кој го воведува знаењето на фотографијата на Leica кај мобилните уреди. Камерата со двоен објектив го лови светлото и овозможува подобра јасност како кај фотографиите така и кај видеата. Батеријата со 3,000 mAh  има доволно моќност за да го улови секој скапоцен момент меѓу полнењата, елегантниот финиш на дијамантски пресечените краеви кои формираат заоблени агли во комбинација со 2.5D стаклото го прават P9 истовремено практичен и прекрасен.”

hu

Глори Цанг, главен маркетинг директор, Huawei Consumer Business Group вели: “Ние сме почестени да ја примиме оваа награда од EISA веќе четврта година по ред. Оваа награда е доказ за посветеноста на Huawei во креирањето на нови мобилни иновации кои нудат нови искуства за корисниците. Исклучителниот дизајн на P9, пофален од страна на судиите EISA, е резултат на сеопфатен развој и внимание на детали од врвни светски индустриски дизајнери и нивните неуморни напори кои кулминираат во визуелно прекрасен дизајн.“

Глобалните пратки на P9 и P9 Плус ја надмина бројката од 4,5 милиони од јули, со силна продажба забележана низ многу европски земји, вклучувајќи ги Франција, Финска и Велика Британија. Huawei P9 е достапен за купување кај голем број на трговци на мало и мрежни услуги.

huw

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП