6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРио2016: Дибаба симната од тронот, Кипјеног „златна“ на 1.500 метри

Рио2016: Дибаба симната од тронот, Кипјеног „златна“ на 1.500 метри

kiki

Кенијката Феит Чепнегич Кипјеног победи на трката на 1.500 метри на олимпијадата во Рио де Жанеиро и од тронот ја симна непрокосновената, во оваа дисциплина Ганзебе Дибала од Етиопија.

Кипјеног на доминантен начин го освои златото на 1.500 метри, влегувајќи во целта со предност од десетина метри пред Дибаба. Во целта Кенијката оствари време 4:08.92 минути.

Дибаба која го бранеше златниот медал од претходната олимпијада зад победничката задоцни за повеќе од секунда и пол, а на третото место се пласира Американката Џенифер Симпсон.

Симпсон, во луда завршница до бронзениот медал стигна пред сонародничката Шенон Робури и Холанѓанката Сифан Хасан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП