21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПетарда на Сити во Букурешт

Петарда на Сити во Букурешт

siti499

Фудбалерите на Манчестер Сити со убедлива победа го најавија својот настап во фазата по групи во Лигата на шампионите оваа сезона. Сити, во Букурешт, ја декласира Стеауа со 5-0, во првиот меч од плејоф рундата во елитното натпреварување.

Манчестер Сити се прошета низ Букурешт и само формалност го направи реваншот на кој ќе биде домаќин. Агуеро постигна три гола, а по еден Давид Силва и Нолито. Победата на Сити можеше да биде уште поубедлива, но Агуеро во осмата и 20-та минута не реализираше удари од белата точка.

Првиот негов удар го одбрани романскиот голман, а во вториот обид биеше над голот.

Блиску до пласман во фазата по групи е и Борусија Менхенгладбах која во Берн славеше над Јанг Бојс 3-1. Рафаел постигна два гола, а еден Хан за германскиот тим, додека единствениот гол за швајцарскиот тим е дело на Сулејмани.

Копенхаген стекна минимална предност над АПОЕЛ пред реваншот на Кипар. Повремениот српски репрезентативец Павловиќ го постигна единствениот гол.

Без победник завршија мечевите Динамо Загреб-Салцбург и Ајакс-Ростов.

Салцбург водеше во Загреб со голот на Лазаро, но Динамо израмни преку Рог, кој погоди од пенал.

Гостите водеа и во Амстердам, искусниот Нобоа му донесе предност на Ростов, која од пенал ја поништи Класен.

Во среда, во рамките на плејофот во Лигата на шампионите ќе се одиграат мечевите: Селтик-Хапоел, Дундлак-Легија Варшава, Порто-Рома, Лудогорец-Викторија Плзен и Виљареал-Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП