22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОчекуван пад на приходот и добивката на Intel

Очекуван пад на приходот и добивката на Intel

intel

Компанијата „Intel“ во првиот квартал оствари помал промет и добивка отколку во истиот временски период oд пред една година, но тие резултати се очекувани поради големиот пад на продажбата на класични компјутери.

Вкупните приходи на компанијата во првиот квартал од оваа година беа 12.58 милијарди долари што е за 2.5 проценти помалку од 2012-та година. Во истовреме падна и добивката од минатогодишните 2.74 на 2.05 милијарди долари.

Иако забележија пад во приходот и добивката, овие резултати може да се каже дека се пријатно изненадување за компанијата, поради тоа што во првиот квартал од оваа година е забележан најголемиот пад во продажбата на компјутери од кога се следи овој пазар.

Во вториот квартал од „Intel“ најавуваат раст на приходот на 12.9 милијарди долари, поради тоа што очекуваат да се зголеми побарувачката за компјутери затоа што тие сега ја претставија новата генерација на процесори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП