7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBHP Billiton забележа рекордна загуба

BHP Billiton забележа рекордна загуба

bhp billton 3335

Најголемата рударска компанија во светот „BHP Billiton“ забележа рекордна загуба од 4,6 милијарди долари, погодена од лошите проекти во индустријата со шкрилци, катастрофата во Бразил и падот на цените на суровините. Компанијата сепак, рече дека очекува паричните текови да нараснат повеќе од два пати во оваа година, соопштува „Ројтерс“.

Од „BHP Billiton“ велат дека очекуваат со намалувањето на трошоците и намалувањето на нето долгот да генерираат над 7 милијарди долари слободни готовински текови во годината до крајот на јуни 2017-та година со сегашните цени на железната руда, бакарот, јагленот, нафтата и гасот.

„Иако се очекува цените на суровините да останат ниски и нестабилни на краток до среден рок, а убедени сме во долгорочните изгледи пред суровините, особено во однос на нафтата и бакарот“, изјави главниот извршен директор, Ендрју Мекензи.

Без отпишувањето и таксите од 7,7 милијарди долари, главната добивка сепак се распадна за 81% до 1,2 милијарди долари за годината до крајот на јуни 2016-та година од 6,4 милијарди долари пред една година, погодена од слабите цени на основните суровини.

Главната добивка е најслабата од спојувањето на „BHP“ и „Billiton“ во 2001-ва година, но сепак е подобара од очекувањата на аналитичарите за околу 1,1 милијарди долари.

Во одговор на тешките пазари „BHP“, слично на „Rio Tinto“, во февруари се откажа од долгорочната политика никогаш да не се намалуваат дивидендите и наместо тоа велат дека оттогаш ќе плаќаат најмалку 50% од основната добивка.

Компанијата објави годишна дивиденда од 30 центи по акција, што според неа е минимумот при сегашната нова политика. Очекувањата на аналитичарите беа малку повисоки – околу 32 центи по акција.

Нето долгот порасна малку од декември до 26,1 милијарди долари, што е повеќе од прогнозите на аналитичарите за 25 милијарди долари. „BHP“ сепак најави дека нејзините очекувања се нето долгот да се намали во текот на финансиската 2017-та година.

„Продолжуваме да ги извршуваме скриените можности, корисни за капиталот, кои ќе го поддржат растот на обемот до 4% во следната година, без да се вклучуваат континенталните средства во САД, каде што продолжуваме да ја забавуваме активноста за да постигнеме максимална вредност“, рече Мекензи во врска со нафтата од шкрилци и бизнисот со гас во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП