1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинезите даваат 7 милиони евра за Шпанскиот Суперкуп

Кинезите даваат 7 милиони евра за Шпанскиот Суперкуп

cristiano-ronaldo-548-and-pepe-holding-the-spanish-super-cup-trophy-in-2012

Од земјата со најголем број на жители во светот, Кина испратија интересно барање до шпанската фудбалска федерација. Имено тие нудат седум милиони за Суперкупот на Шпанија да се одигра во август на Олимпискиот стадион во Пекинг.

Добро познато е дека победникот во првенството и освојувачот на Купот играат два натпревари по што се одлучува кој ќе биде најдобар во Шпанија, но сега кинезите сакаат да се одигра само еден натпревар и тој натпревар да биде во главниот град на Кина.

Сепак останува да се види дали шпанската фудбалска федерација ќе го прифати овој предлог, но и дали за тоа ќе се сложат и Барселона која е на чекор до титулата во Шпанија, како и Реал Мадрид или Атлетико Мадрид кои ќе играат во финалето од Кралскиот куп.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП