14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДеби победа на Конте со Челзи

Деби победа на Конте со Челзи

Chelsea teammates celebrate after scoring during the English Premier League soccer match between Chelsea and West Ham at Stamford Bridge stadium in London, Monday, Aug. 15, 2016.(AP Photo/Frank Augstein)

Фудбалерите на Челзи го совладаа Вест Хем со 2-1 (0-0) во последниот натпревар од првото коло во Премиерлигата на Англија. Избраниците на Антонио Конте доминираа во текот на целиот меч, а до победата стигнаа во последната минута кога Диего Коста постигна гол.

Челзи на дебито на новиот менаџер Конте запиша тешка, но заслужена победа над градскиот ривал Вест Хем. „Сините“ доминираа во текот на целиот меч, не реализираа неколку добри шанси, а до триумфот стигнаа со голот на Диего Коста во последната минута.

Шпанскиот репрезентативец кој десетина минути претходно избегна исклучување, од 20-тина метри со прецизен удар го совлада одличниот голман Адријан.

Чуварот на мрежата на Вест Хем во текот на мечот имаше неколку одлични интервенции, а го спасуваше својот тим по ударите на Ивановиќ, Вилијан и Азар.

Челзи првиот гол го постигна од пенал, Азар беше прецизен во 47-та минута, а Вест Хем израмни половина час подоцна од првиот обид кон голот на Куртоа. Колинс беше стрелец за Вест Хем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП