27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодолски ја заврши репрезентативната кариера

Подолски ја заврши репрезентативната кариера

подо

Фудбалерот на Галатасарај, Лукас Подолски, објави дека става крај на репрезентативната кариера. Подолски националниот тим го напушта по елиминацијата од Франција на Европското првенство.

„Сé во свое време, а моето во селекцијата на Германија заврши. Сакам повеќе време да минувам со семејството“, напишал Подолски на својот профил на Инстаграм.

Овој 31-годишен напаѓач, роден во Полска, репрезентативниот дрес го носел во изминатите 12 години и во тој период постигнал 48 голови на 129 натпревари.

Подолски беше член на репрезентацијата која во 2014 година го освои Мундијалот во Бразил.

Лукас Подолски е вториот играч, по Бастијан Швајнштајгер, кој по ЕУРО 2016 стави крај на репрезентативната кариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП