28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЌе бидат претставени три нови iPad уреди, а револуцијата се чува за...

Ќе бидат претставени три нови iPad уреди, а револуцијата се чува за 2018-та

ipad3000

„Apple“ има во план да претстави на пазарот три верзии на „iPad“ во текот на 2017-та година, а меѓу нив нема да бидат моделите „евтин“ и „голем Pro“, пренесува „The Verge“.

Повикувајќи се на аналитичарот Минг-Чи Куоа, интернет страната наведува дека ќе се појави евтин „iPad“ со екран од големина од 9,7 инчи, „Pro“ верзија со екран од 10,5 инчи, како и уште една за која не се знае многу.

Аналитичарот наведува дека речиси сигурно „Apple“ следната година сепак нема да се одлучи за големи дизајнерски промени, но дека тоа може да се случи во 2018-та година.

„Можно е да дојде до револуција во 2018-та година, кога би можело „Apple“ да го интегрира флексибилниот „AMOLED“ екран кој ќе се прилагодува на новите пазарни потреби и навиките на потрошувачите со радикални промени на формата и дизајнот“, наведува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП