
Комплетирани се четвртфиналните двојки на ватерполо турнирот кој се игра на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.


Комплетирани се четвртфиналните двојки на ватерполо турнирот кој се игра на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат во вторник, а дербито е помеѓу Унгарија и Црна Гора (16 часот). Победникот од овој меч во полуфиналето ќе игра против подобриот од натпреварот Бразил-Хрватска (20:10 часот).
На спротивната страна од костурот се Грција и Италија (17:20 часот), односно Србија и Шпанија (21:30 часот).