ПочетнаИНТЕРЕСНОМарej го одбрани олимпиското злато

Марej го одбрани олимпиското злато

marej3 33

Енди Марej стана првиот тенисер кој успеал да го одбрани олимпиското злато во поединечна конкуренција. Марej во финалето на турнирот во Рио де Жанеиро го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-1 во сетови.

Британецот имаше многу полесен пат до финалето, физички помалку се истроши што се покажа како клучно за неговата победа во финалниот меч. Дел Потро, до завршниот меч имаше два тешки дуели, против Ѓоковиќ во првото коло и против Надал во полуфиналето.

Мареј победи со 7-5, 4-6, 6-2, 7-5, иако Аргентинецот во четвртиот сет имаше предност од 5-4 и сервис.

Бронзениот медал му припадна на Јапонецот Кеи Нишикори кој во „малото финале“ го победи Рафаел Надал со 2-1.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП