5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДва сребрени медали за Симона Заборска и Наташа Стефановска и бронзена медала...

Два сребрени медали за Симона Заборска и Наташа Стефановска и бронзена медала за екипни борби за македонските каратистки

rt

Симона Заборска во тежинската категорија од  (-55 кг) успеа да го освои сребрениот медал на Светското универзитетско првенство во карате во Брага-Португалија. Симона сега е актуелна  светска вицешампионка во следните две години. Заборска во финалето загуби со 2-0 од Емили Туј од Франција.

Заборска до финалето забележа три победи и тоа против Саида Џедра од Алжир со 1-0, Лерез Марис од ЈАР 1-0 и Аја Ибрахим од Египет 2-0.

Наташа Стефановска го освои сребрениот медал во тежинската категорија -61 кг. Овој резултат го постигна на најголемиот карате собир на светското универзитетско првенство.Таа загуби на судиско изјаснување од како резултатот во регуларниот дел од натпреварот заврши со 0:0, судиите ја доделија победата на Египетската репрезентативка Џиана Лотфи.

Сетфановска беше убедлива во првото коло и ја совлада претставничката на Алжир, Ранда Мекдас со 4-0, потоа со Јин Џиаојан од Кина се бореше 1-1,но победи со судиско изјаснување. За влез во финалето ја совлда Барно Мирзаева од Узбекситан со 2-0.

Сара Радичевска во борбат за бронзениот медал беше порзена од европската шампионка Бетина Планк од Австрија.Исто така на судиско изјаснување, резултатот во регуларниот дел беше 0:0. На изјаснување многу тесно 2:3 за австриската шампионка. Сара Радичевска оствари висок пласман на петтото место во категоријата -50 кг.

Радичевска првата борба против Аликс Хернандез Слазар од Мексико ја доби со судиско изјаснување при резултат 0-0, а во втората загуби од Јапонката Михо Мијахара со 6-0. Во во репасажот славеше со 5-0 против репрезентативката од Белгија.

Денеска последниот ден од Светското првенство нашата екипа во дисциплината екипно борби во директна борба за бронзениот медал Македонскиот тим успеа да ја совлада и последната препрека екипата на Норвешка со резултат 1-1. Наташа Стефановска загуби со 0-1, Симона Заборска победи со 8-0, и Сара Радичевска заврши нерешено. Поен разликата беше пресудна и ја донесе победата и бронзениот медал на Македонија.

Само да потсетиме дека патот во елиминациските делови и покасно во репасажните борби до освојување на медалот не беше ни малку лесен,  успеавме во елиминацискиот дел да ги совладаме екипите на Максико 2-1, Словачка 1-0, Англија 1-0, загубивме минимално 0-1, од Египет и на крај ја совладавме и репрезентацијата на Норвешка 1-1, со подобра поен разлика.

Како што претходно кажав овој медал е највиско достигнување во досегашната историја на Македонските карате тимови во женска конкуренција во дисциплината екипни борби. Овие девојки сега можат да се пофалат и со освоен медал од светско првенство-истакна Заборски.

Бошко Заборски селектор на македонската универзитетска карате репрезентација изјави:- „Пресрекни сме во овие моменти и многу сме задоволни од постигнатите резултати во Брага, Португалија. Направивме голем резултатски успех, освоивме вкупно три медали и остваривме еден висок пласман на петтото место и со тоа до сега го постигнавме најголемиот успех во Македонската универзитетска карате историја во дисциплината борби во женскиот дел.

Посебно ми е драго дека од како сме иофицијално прогласени за Олимписки спорт ова се и први големи резултати и медали кои се освоени од Македонските каратисти, тоа е добар показател дека во каратето треба да веруваме и да се обидеме да постигнеме олимписки норми во временскиот период кој ни претстои. Репрезентативките континуирано докажуваат дека имаме извонреден потенцијал во женскиот дел во дисциплината борби и тоа треба да го искористиме и да ги подржиме овие прекрасни спортистки во остварување на нивните спортски цели. Денеска првенството се затвора и ние ке си заминеме од Брага со прекрасни спомени. Следното карате светско првенство ќе биде организирано во Кобе, Јапонија после две години.

На крај од мое име и од име на репрезентативките сакаме да  се заблагодариме првенствено на нашиот спонзор и подржувач компанијата ,,Макпетрол,, на Универзитетската карате федерација и на Карате федерацијата на Македонија , за подршката која ни ја даваат и што ни овозможија да бидеме составен дел од оваа спортска манифестација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП