8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветски рекорд на Ван Никерк на 400 метри

Светски рекорд на Ван Никерк на 400 метри

van-nikerk

Јужноафриканскиот атлетичар Вејд ван Никерк постави нов светски рекорд на трката на 400 метри. Ван Никерк, на ОИ во Рио де Жанеиро го собори рекордот на Американецот Мајкл Џонсон поставен во 1999 година.

Ван Никерк во Рио делницата од 400 метри ја претрча со време 43,03 секунди и за 15 стотинки го надмина рекордот на Џонсон (43,18 секунди).

Трката во Рио ќе влезе во аналите во оваа дисциплина бидејќи првите тројца трчаа под 43 секунди.

Ван Никерк победи пред Кирани Џејмс од Гранада (43,76 секунди) и Лешон Мерит од Америка (43,85 секунди).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП