5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса подобра од Севилја во првиот меч од шпанскиот Суперкуп

Барса подобра од Севилја во првиот меч од шпанскиот Суперкуп

barsos

Фудбалерите на шпанскиот шампион Бареслона со 2-0 го совладаа на гостувањето во Севилја домашниот тим во првиот меч од шпанскиот Суперкуп.

На стадионот „Рамон Санчес Псхуан“, откако првото полувреме заврши без голови, во вторите 45 минути се играше далеку подобро, но притоа Барселона остана без Иниеста кој беше превентивно повлечен од игра поради полесна повреда. Головите ги постигнаа Луси Суаерз во 54 минута откако во срцето на противничкиот шеснаесетник Арда Туран перфектно со гради му ја смири топката, а во 81 минута Лионел Меси правовремено го проигра Мунир ал-Хадади кој рутинирано реализираше.

Барселона минатата година ја освои „двојната круна“ во Шпанија, а во Суперкупот игра Севилја затоа што лани се пласираше во финалето на Купот на кралот, а третпат последователно ја освои Лига Европа.

Реваншот ќе се игра во среда, 18-ти август, на „Камп Ноу“ во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП