4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го освои германскиот Суперкуп

Баерн го освои германскиот Суперкуп

baern-superkup

Фудбалерите на минхенски Баерн се победници на германскиот Суперкуп откако во неделата вечерта во Дортмунд пред 81.000 гледачи ја совладаа Борусија со 2-0.

Головите за актуелниот германски шампион против освојувачот на националниот куп беа Артуро Видал во 58 и Томас Милер во 79 минута.

Баерн во новата сезона влезе со нов тренер, Карло Анчелоти кој го наследи Пеп Гвардиола кој замина во Манчестер Сити, и со две нови засилувања. Од Борусија пристигна Матс Хумелс, а од Бенфика, Ренато Санчез.

Меѓутоа, за овој натпревар Анчелоти не можеше да смета на Санчез, Холгер Бадштубер, Џером Боатенг кој беше избран за најдобар играч во Германија, Даглас Кошта и Арјен Робен.

Во Борусија оваа сезона ќе ги нема Хенрих Мхитарјан кој замина во Манчестер Јунајтед, и Илкај Гундоган кој замина во Манчестер Сити. Меѓутоа, во Дортмунд се врати Марио Геце, а нови засилувања се и Андре Ширле и Себастијан Роде.

Германското првенство започнува на 26-ти август со мечот меѓу Баерн и Вердер, а Борусија во првото коло следниот ден ќе игра против Мајнц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП