2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИзлезе новиот трејлер за филмот „Allied“ со Пит и Котијар (видео)

Излезе новиот трејлер за филмот „Allied“ со Пит и Котијар (видео)

тра

Филмските студија „Paramount Pictures“ и „GK FIlms“ го објавија првиот трејлер од новиот шпионски трилер со Бред Пит и Марион Котијар во насловните улоги со наслов „Allied“ чие дејствие е сместено во периодот од Втората светска војна, а неговата премиера е предвидена за 23-ти ноември.

Филмот го режираше оскаровецот Ремерт Земекис, кој се прослави со филмовите „Форест Гамп“ и „Враќање во иднината“.

Дејствието на романтичната приказна за шпионот Макс Ватан, кој го толкува Бред Пит, се одвива во 1942 година во Казабланка, каде агентката на француското движење на отпорот Мариан Босежур, ја игра оскаровката Марион Котијар, е ангажирана на подготовка на атентатот на германскиот амбасадор во Мароко.

Меѓу главните херои на приказната се раѓа романса, но по враќањето во Лондон нивниот однос е ставен на искушение од притисоците и неприликите на военото време.

Филмот се темели на вистински настани, а покрај Пит и Котијар во шпионскиот трилер со љубовна сторија глумат и Џаред Харис, Лизи Каплан и Метју Гуд.

Триесет и едногодишната Марион Котијар светска слава стекна со улогата на француската култна пејачка Едит Пјаф во филмот „Живот во розово“ (La vie en rose) во режија на Оливје Дан за кој во 2007 година ги доби најпрестижните награди Оскарот, Златниот глобус, британската награда на BAFTA и француската Сезар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП