25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛудото дерби на „Емирејтс“ за Ливерпул

Лудото дерби на „Емирејтс“ за Ливерпул

лудо-дерби

Во дербито од првото коло на англиската Премиер лига, Луверпул со 4-3 со совлада Арсенал на неговиот стадион, во меч кој покрај со голови, изобилуваше и со многу пропуштени шанси и нереализиран удар од белата точка.

Арсенал поведе со 1-0 само една минута откако стрелецот Тио Волкот не реализираше пенал. Ливерпул во следните 17 минути постигна четири голови. Стрелци за „редсите“ беа Фелипе Коутињо во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме и во 56., пред тоа прецизен беше Адам Лалана во 49., а „четворката“ на гостите во 63 минута ја заокружи Садио Мане.

Но на 15 минути пред крајот Ливерпул, на лондонските „топчии“, со головите на Алекс Оклсенде-Чемберлејн во 64 и Калум Чемберс во 75 минута, им овозможи да дојдат до само еден гол заостанување, кој „црвените“ успеаја да го одбрана до последниот свиреж на судијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП