11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлаудио Браво во Манчестер Сити

Клаудио Браво во Манчестер Сити

клаудио

Голманот на Барселона, 33-годишниот Чилеанец Клаудио Браво кариерата треба да ја продолжи во Манчестер Сити, а вредноста на трансферот е проценета на 25 милиони евра, пишуваат во неделата британските медиуми.

Новиот менаџер на манчестерските „граѓани“, поранешниот играч и тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, нема доверба во првиот голман на англиската фудбалска селекција Џо Харт, кого го изостави од екипата во саботата на почетокот на новата сезона во Премиер лигата. Во натпреварот против Сандерленд (201) бранеше Аргентинецот Вили Кабаљеро.

Според овие вест, значи дека Џо Харт по десет години најверојатно ќе замине од Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП