18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо и Ибрахимовиќ стартуваa со победа

Мурињо и Ибрахимовиќ стартуваa со победа

ib

Во средбата од првото коло од англискиот фудбалски шампионат Манчестер Јунајтед на гостувањето го совлада Борнмут со 3-1, започнувајќи ја победата под водство на Жозе Мурињо и со погодок на новото засилување Златан Ибрахимовиќ.

Манчестер Јунајтед рутински дојде до победата на „Виталити“ стадионот. Гостите имаа предност од 3-0, со головите на Хуан Мата во 40, Вејн Руни во 59 и Златан Ибрахимовиќ во 64 минута. За Борнмут голот го постигна Адам Смит во 69 минута.

Во тимот на „црвените ѓаволи“ не настапи најскапото засилување Пол Погба, бидејќи е суспендиран од минатата сезона.

Во неделата подоцна се игра и дерби мечот меѓу Арсенал и Ливерпул, а колото ќе биде заклучено во понеделник со дуелот меѓу Челзи и Вест Хем Јунајтед.

Во саботата беа постигнати следните резултати: Манчестер Сити – Сандерленд 2-1, Саутемптон – Ватфорд 1-1, Барнли – Свонси Сити 0-1, Кристал Палас – ВБА 0-1, Евертон – Тотенхем 1-1, Мидлсборо – Стоук Сити 1-1 и Хал Сити – Лестер Сити 2-1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП