18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските каратистки ќе се борат за бронзениот медал на Светското универзитетско првенство...

Македонските каратистки ќе се борат за бронзениот медал на Светското универзитетско првенство во Португалија

mak

Македонските каратистки продолжуваат  со успешните настапи на светското универзитетско првенство во Брага, Португалија. Во најтешката дисциплина екипно борби за жени го постигнаа до сега најголемиот успех.

Македонскиот тим, во елиминацискиот дел од првенството, денес успеа да обезбеди борба за бронзениот медал. Имено во првото коло нашите девојки најнапред ја победија екипата на Мексико со резултат 2-1, во второто коло тие се сретнаа со првакот од европската универзијада која се одржа неодамна во Загреб екипата на Словачка и ја победија со резултат 1-0, во третото коло имаа борба со силната екипа на Египет и загубија со миниамален резултат 0-1. Но, бидејќи екипата на Египет влезе во финалето, Македонија преку репасаж доби шанса да се бори за бронзениот медал. Во репасажните борби беше совладана екипата на Англија со резултат 2-1 со што нашиот тим обезбеди борба за бронзениот медал со екипата на Норвешка на 13. Август. 2016 год (сабота).

Бошко Заборски селекторот на репрезентацијата изјави: -„Во нашата досегашната  карате историја за прв пат еден женски тим од Македонија на светско првенство успева да добие шанса да се бори за бронзениот медал. Имавме многу тешка група, но девојките уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите светски тимови. Успеавме да елиминираме три големи состави на Англија, Словачка, Мексико и загубивме од Египет. За бронзениот медал ќе имаме уште борба со Норвешка и јас сум голем оптимист дека и Норвешка ќе биде совладана. Атмосверата во тимот е одлична, девојките имаат голема самодоверба, а тоа е најважно. Да ве потсетам само дека овој тим неодамна на европската универзијада што се одржа во Загреб минатиот месец се здоби со титулата европски вице првак и го освои сребрениот медал. Ако успееме да го освоиме и бронзениот медал на ова светско првенство, имињата на овие девојки ќе бидат запишани во Македонската карате историја со големи букви“.

За тимот настапуваат Симона Заборска, Наташа Стефановска , Сара Радичевска и Моника Стефановска сите членки на Карате клубот Макпетрол од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП