28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРИО2016: Енди Мари со пресврт до пласман, испадна Чилиќ

РИО2016: Енди Мари со пресврт до пласман, испадна Чилиќ

em

Пливачкиот подвиг на Американецот Мајкл Фелпс го одбележа осмиот олимписки ден во рио де Женеиро/ Со освојувањето на 22 медала, на 200 метри, Фелпс, го собори и рекордот од античка Грција, стар 2,160 години.

ОДБОЈКА: Во одбојка се играа натпревари од групата А каде САД го победија Бразил (1-3), Италија го порази Мексико (3-0), додека Франција беше подобра од Канада (0-3)
Во Б групата Полска ја совлада Аргентина (3-0), Русија беше подобра од Египет (3-0), а Иран ја победи Куба (3-0)
На прво место сега е Полска, Русија втора, а Аргентина на трето место. Следуваат Иран, Египет и Куба.

КОШАРКА: Во натпреварот од третото коло од групата Б на олимпискиот турнир во кошарка во Рио, Литванија победи по трет пат совладувајќи ја Аргентина со 87-73 и го зазеде врвот на табелата.
Хрватска пак ја оствари втората победа совладувајќи го домаќинот Бразил со 80-76, додека европскиот првак Шпанија оствари прва победа против Нигерија 96-87.
По три кола соодносот за Литванија е 3-0, Аргентина и Хрватска се на 2-1, следуваат Бразил и Шпанија со по 1-2, додека Нигерија е последна со 0-3.
Во женска конкуренција се водеа борби во групата А, каде Австралија ја порази Јапонија (92-86), Франција беше подобра од Бразил (74-64) и Белорусија беше поразена од Турција (71-74.
По ова коло Австралија е на врвот на табелата, додека по неа следат Франција на второ, Јапонија на трето место. Следат Турција, Белорусија и Бразил.

РАКОМЕТ: Во синоќешните ракометни натпревари од третото коло во групата А, Франција ја победи Аргентина со резултат 31-24, Хрватска беше подобра од Данска со 27-24, а Тунис и Катар играа нерешено (25-25).
Прва на табелата е Франција со шест бода, следат Данска и Хрватска со по четири, а четврт Катар со три бода, Тунис и Аргентина се петти и шести.
Во групата Б Словенија ја совлада Шведска со 29-24, Бразил подобар од Германија со 33-30, а Полска беше поуспешна од Египет 33-25.
Прва на табелата е Словенија со шест бода, Германија и Бразил со 4, Полска и Египет со по два, а Шведска нема победа.

ПЛИВАЊЕ: Најголемиот олимпиец на сите времиња, е епитет што заслужено го носи пливачот Мајкл Фелпс од САД; кој стана првиот што едно по друго победил четири пати во иста дисциплина на ОИ, што му успеа на 200 метри мешано. Тој освои злато во оваа дисциплина во Атина 2004, Пекинг 2008, Лондон 2012 и сега во Рио, кога во финалето победи со време 1:54.66 минути, што е само за пола секунда поспоро од неговото најдобро време, кое го постави пред пет години во Шангај.
Ова му е 26 олимписка медала, а 22 злато, додека во Рио веќе четврто злато за него, со што го собори рекордот на легендарниот Леонидас од античка Грција.
Среброто го освои Јапонецот, Косуке Хагино, а бронзата Кинезот Ванг Шун.
Американецот Рајан Марфи се покажа како најдобар пливач во грбно пливање во Рио, при што на златото од 100 метри му го додаде и она од 200 метри.
Втор беше светскиот шампион Мич Ларкин од Австралија, а трет Русинот Евгениј Рилов.
Големо изненадување се случи на трката на 100 метри слободно за пливачки, каде првото место го поделија 20-годишната Американка Симоне Мануел, и 16-годишната Канаѓанка Пени Олексиак, кои пливаа за нов олимписки рекорд од 52.7 секунди, што е за 29 стотинки побрзо од освојувбаќката на бронзата Швеѓанката Сара Сјосторм.
Во трката на 200 метри градно најбрза беше Јапонката Рие Кантео со време (2.20.30), среброто го освои контроверзната Русинка Јулија Ефимова (2.21.97), а бронзата Кинеската Ши Јинглин. (2.22.28).

ТЕНИС: Бранителот на насловот олимписки победник, Британецот Енди Мари за малку ќе го завршеше својот настап во Рио, во третото коло, но на крај успеа да се избори против Италијанецот Фабио Фоњини и да победи со 6-1, 2-6, 6-3 за пласман во четвртфинале.
Противник ќе му биде Американецот Стив Џонсон, кој го декласира Русинот Евгениј Донској со 6-1, 6-1.

Во четвртфиналето се пласира и олимписиот победник од Пекинг 2008, Шпанецот Рафаел Надал кој со  (5), 6-3 го совлада Французинот Жил Симон.
За полуфинале Надал ќе игра против Бразилецот Томаз Белучи, кој со 7-6 (10), 6-4 го надигра Белгиецот Давид Гофин.
Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро  со 6-7 (4), 6-1, 6-2 го порази Јапонецот Таро Даниел, а Нишикори го декласира Словакот Андреј Мартин со 6-2, 6-2, додека Хрватот Марин Чилиќ беше поразен од Французинот Гаел Монфилс.
Во полуфиналето на турнирот за тенисерки ќе игра втората носителка Германката Анжелик Кербер и Американката Медисон Кис, како и Чехинката Петра Квитова и Порториканката Моника Пуиг.
Познати се и финалистите во машки двојки па за злато ќе се борат Шпанците Марк Лопез и Рафа Надал против Романците Флорин Мерге и Хорије Тецау.

ПИНГ ПОНГ: Кинезот Ма Лонг е олимписки шампион во пинг понг во Рио откако во финалето со чисти 4-0 (14-12, 11-5, 11-4, 11-4)  го надигра сонародникот и бранителот на титулата од Лондон од пред четири години Жанг Јике.
Во двобојот за бронзата Јапонецот Јун Мицутани со 4-1 (11-4, 11-9, 6-11, 14-12, 11-8) го совлада легендарниот Белорус Владимир Самсонов.

РАГБИ: Машката репрезентација на Фиџи е новиот олимписки шампион во рагби 7 откако ја декласира Велика Британија со 43-7 (29-0) со што ја освои првата олимписка медал за својата земја.
Бронзата и припадна на Јужноафриканската Република која со 54-14 ја совлада Јапонија.

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ: Велосипедистите на Велика Британија го освоија третиот последователен наслов олимписки победници во тимски спринт на писта во Рио совладувајќи го во финалето Нов Зеланд за само 102 стотинки. Бронзата ја освои Франција, чиј тим беше побрз од Австралискиот.

ГИМНАСТИКА: Американката Симоне Билс (19) ја продолжи својата доминација во гимнастичката сала на Олимписките игри во Рио освојувајќи ја титулата во повеќебој со 2.1 бода предност пред сребрената сонародничка Александра Рајсман. Мустафина освои бронза.
Билс, која пред почетокот на игрите беше сметана за олимпијка што ќе ги одбележи игрите, беше оценета со три највисоки оцени од четири дисциплини, па златото во екипна конкуренција му го додаде на она од поединечна.
Таа ќе има шанса да освои уште три злата во Рио, затоа што е фаворитка по справи и тоа токму на прескок, греда и партер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП