15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДве финални борби за златни медали и една борба за бронзен медал

Две финални борби за златни медали и една борба за бронзен медал

ui

Македонската универзитетска карате репрезентација, веќе три дена успешно ја преставува нашата држава на Светското првенство кое се одржува во Брага, Португалија. Во конкуренција на 39 држави нашите каратистки успеаа да обезбедат дури три борби за медал, ни јавува селекторот Бошко Заборски.

Најнапред Симона Заборска(-55кг) , со три последователни победи успеа да влезе во финалето. Таа во првото коло беше слободна, во второто коло ја совлада Алжирката Дједра Саида со резултат 1-0. Во третото коло беше поуспешна од Марис Лареза од Јужна Афричка Република 1-0, а потоа во полуфиналната борба ја победи Ибрахим Аја од Египет со 2-0 и го обезбеди сребрениот медал. За златото ќе се бори со француската репрезентативка која е носител на медал од светското првенство во Бремен 2014 година. Финалните натпревари се закажани за сабота, 13.08.2016 год.

Наташа Стефановска во категоријата до 61кг, исто така имаше брилијантен настап и успеа да влезе во финале. Таа имаше три победи а противник во финалето ќе и биде Египетската репрезентативка Лотфу Гиана. На патот до финалето совлада спортистки од Алжир, Кина и Узбекистан.

Третата наша спортистка Сара Радичевска (-50 кг), ќе се бори за бронзениот медал против Австријката Бетина Планк која е актуелна европска шампионка. Сара имаше победи против Мексиканката Фернанде Халазам со судиско изјаснување 5:0, потоа загуби од Јапонија со 0:5, во репасаж победи со Белгија 5:0.

Следат борбите во екипна конкуренција каде што исто така се надеваме на успешен настап. Да потсетиме дека минатиот месец нашите репрезентативки го освоија сребрениот медал на Европската универзијада која се одржа во Загреб. За македонската екипа ќе настапат Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Стефановска и Наташа Стефановска. Сите три каратистки се членки на карате клубот Макпетрол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП