15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелпс освои ново злато

Фелпс освои ново злато

majki 33777

Американскиот пливач Мајкл Фелпс се надмина себеси и го собори сопствениот рекорд со освојувањето на 22-та златна медала на Олимписките игри.

Популарниот „балтиморски куршум“ сега го освои златото на трката од 200 метри, што е 13 индивидуална победа во неговата олимписка кариера.

Како што пишуваат светските медиуми, Американецот со тоа ги надминал и најголемите спортисти на игрите уште од античка Грција.

Според легендата, спортистот Леонидас кој се натпреварувал на Олимпијадите од 164 година до 152 година, во кариерата освоил 12 победи.

Фелпс сега е најодликуваниот Олимпиец на сите времиња, со вкупно 26 освоени медали.

Иако пред почетокот на ОИ во Рио му предвидуваа проблеми, особено поради конкуренцијата од неговиот сонародник Рајан Лохте и Јапонецот Хагино, Фелпс одговори на најдобар можен начин и ја прегази конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП