Седмиот ден од Олимписките игри во Рио де Женеиро го одбележаа синоќешните порази на екипите на Хрватска и Србија во ватерполо.
ВАТЕРПОЛО: Ватерполистите на Бразил под водство на Ратко Рудиќ, направија сензација во досегашниот дел од турнирот во Рио, совладувајќи ја Србија со 6-5 (0-2,3-1,2-0,1-2), во натпреварот од третото коло од Групата А, оставајќи ги светските прваци на само два бода пред последните две кола во групната фаза.
Репрезентацијата на Бразил е прва на табелата со шест бода во групата А, додека Србија е на претпоследно место, со два бода.
Во групата Б Хрватска уверливо беше надиграна од Шпанија со 4-9 (0-2, 1-2, 2-1, 1-4), при што хрватските ватерполисти имаа очајна вечер, затоа што од 25 обиди дадоа само 4 гола.
КОШАРКА: Кошаркарите на Србија изгубија од Франција 76:75 во натпреварот од третото коло во А групата.
Натпреварот беше специфичен затоа што прогнозата укажува на тоа дека победникот го избра потешкиот пат до медал, затоа што треба да се бори против Американците во полуфиналето.
Женската кошаркарска репрезентација на Србија забележа трет пораз по натпреварот од третото коло во групата Б, при што беше поразена од САД со 110:84.
Прваците на Европа во вторите 20 минути пружија достоен отпор на Американките, што е голем поттик во очи на одлучувачките две средби во борбите за четвртфиналето, против Кина и против Сенегал.
ОДБОЈКА: Женската репрезентација во одбојка на Србија доживеа пораз во натпреварот од третото коло во групата Б при што изгуби од САД со 3:1. Тоа е прв пораз на Србинките.
ПЛИВАЊЕ: Австралијците повторно го имаат најбрзиот пливач по 48 години чекање, а тоа е Кајл Чалмерс, кој освои злато на 100 метри слободно. Ќалмерс до златото се проби во вторите 50 метри кои ги исплива за 24.44 секунди и до целта стигна за 22 стотинки пред сребрениот Белгиец Петер Тимерс, и за 27 стотинки пред бранителот на титулата, Американецот Нејтан Адријан.
Австралијците немаа победник на ОИ во парадна дисциплина уште од Сиудад де Мексико 1968 година, кога победи Мајк Венден.
Мирела Белмонте го освои златниот олимписки медал на 200 метри делфин и стана првата шпанска пливачка која се искачи на највисокото прво место на ОИ.
Белмонте пред четири години во Лондон го освои среброто, за во Рио да го направи и тој последен чекор и за само три стотинки ја победи Австралијката Медлин Гровс во возбудлива завршница. Бронзата ја освои Јапонката Нацуми Хоши.
Дмитриј Баладин направи изненадување на трката 200 метри градно во која ги надмина сите конкуренти и го освои првото пливачко злато за Казахстан, иако во финалето влезе со најлошо време.
До последните 50 метри во водство беше Јапонецот Јасухиро Коскеи и беше побрз од времето за светски рекорд, но во последната делница се измори и заврши на петто место. Среброто го освои Американецот Џошуа Пренот, а брозната Чехот Антон Чупков.
Најбрзата штафета на 4 x 200 метри слободно ја имаат Американките кои го повторија успехот на своите колеги, ден порано. Последната делница за женската штафета ја пливаше Кејти Ледецки.
Австалијките не можеа да им парираат на Американките, но го освоија среброто, а бронзата заврши кај Канаѓанките.
Во средата вечерта не беше урнат ниту еден светски рекорд, но Австралијката Кејт Кембел со 52.71 секунда постави нов олимписки рекорд во полуфиналето на 100 метри слободно.
ПИНГ ПОНГ: Кинеската пингпонгарка Нинг Динг во возбудливо финале со 4-3 ја совлада сонародничката Сиаосиа Ли и и врати за поразот во финалето на ОИ 2012 во Лондон.
Во борбата за бронзата Сонг и Ким од Северна Кореа со 4-1 ја совлада Јапонката Аи Фукухару и го освои првото одличје за својата земја во Рио.
ТЕГОВИ: Казахстанецот Нијат Рахимов на натпреварувањето во кревање тегови до 77 кг во Рио стана носител на златото и нов светски рекорд, подигнувајќи 214 килограми во исфрлање. Среброто го однесе Кинезот Лу Сиоајун, а бронзата отиде кај Египќанецот Мохамед Јусеф.
ЏУДО: Јапонката џудистка Харука Тачимото во категоријата до 70 кг и нејзиниот сонародник Машу Бакер во категоријата до 90 кг се новите олимписки победници.
Сребрени кај жените до 70 и кај мажите до 90 кг се тројната светска шампионка Колумбијката Јури Алвеар и Грузиецот Варлам Липартелијан. Додека за брозата во истите категории Британката Сали Конвеј ја совлада Австралијката Бернардет Граф, а Германката Лаура Варгас Коч беше подобра од Шпанката Марија Барнабеу. Кинезот Сунжао Ченг го победи Монголецот Отгонбаатар Лагвусурена, додека Кореанецот Донган Гвак го совлада Швеѓанецот Маркус Ниман.
ВЕСЛАЊЕ: Британецот Џозеф Кларк го освои златото во кајак едносед, при што за 23 стотинки го надмина Словенецот Петер Каузер, кој стигна до своето прво олимписко одличје.
ФУДБАЛ: Бразилските фудбалери избегнаа испаѓање во групната фаза на олимпискиот турнир на домашен терен, па со уверлива победа од 4:0 над Данска го освоија првото место во групата А и заедно со Данците се изборија за настап во четвртфиналето, каде ќе играат против Колумбија.
Најголемо изненадување е испаѓањето на Аргентина, која го заврши натпреварувањето во групата Д со само два бода откако во последното коло одигра 1-1 против Хондурас.