18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗапочнаа отворените школи за забавен фудбал

Започнаа отворените школи за забавен фудбал

cbb

10 000 деца соединети во забавни школи за фудбал ширум Балканот

По одржувањето на регионалниот семинар за тренери на „Отворените забавни школи за фудбал“ на кои се собраа координаторите од овој проект и тоа од Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Косово и Црна Гора, конечно официјално започна првата школа за забавен фудбал во подрачјето на Петрово – Грачаница. Школата во ова подрачје ќе трае до 12 овој месец и активностите во првите два дена се случуваат во Петрово, а следните три денови во Грачаница. Околу 200 деца од овие школи патуваат од место во место, а со нив работат околу 14 лидери и тренери и 12 асистенти.

ccc

Пректот, кој го организира данската невладина организација ЦЦПА (Cross Cultures Project Association), мобилизира 10 000 илјади деца на возраст од 7 до 14 години во горе споменатите земји со цел да се стимулира приближувањето, помирувањето и градењето на мирот меѓу заедниците од различни етнички структури.

cbb

Регионалниот семинар за тренери на школата за забавен фудбал се одржа на Копаоник во Србија помеѓу 4 – 6 август, а го предводеше основачот на организацијата ЦЦПА и на проектот „Отворени забавни школи за фудбал“ Андерс Левинсен и на семинарот присуствуваа по два инструктора од секоја земја.

cdd

Со цел да се подобри работата со децата, тренерите учествуваа во интерактивни работилници, тренинзи за развој на детскиот интелект, градење на емоција и вештина и креирање на идеално опкружување, како секое дете би се чувствувало сигурно, добродојдено и вклучено во играта.

По оваа школа следната е закажана од 22 до 31 август во Крива Паланка и во Ѓорче Петров во Македонија.

cff

Околу 10 000 илјади деца на возраст од 7 до 14 години ќе се соединат на петдневните „Отворени забавни школи за фудбал“, кои во втората половина на август ќе се одржат едновремено во Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово. Овој хуманитарен проект под името „Отворени забавни школи за фудбал“, кои ги организира данската невладина организација ЦЦПА (Cross Cultures Project Association) претставува начин како преку забавни игри и педагошки забавен фудбал да се стимулира помирувањето, приближувањето и градењето на мирот помеѓу различните етнички заедници.

Школите за забавен фудбал се организирани од лидери и тренери – волонтери, кои се едуцирани за работа со деца на посебни семинари, кои се одржуваат и на ниво на секоја земја и на регионално ниво.

„Би бил навистина среќен доколку моите син и ќерка играат еднакво добро фудбал како Меси или Марта, но она што ми е најбитно е што моите деца се среќни, имаат здрави навики и добри пријатели. Тоа е всушност и целта на Отворените забавни школи за фудбал“ вели основачот на организацијата ЦЦПА и на самиот проект Андерс Левинсен.

Овој проект започна уште во 1998 година во поствоена Босна и Херцеговина, а денес заживеа, речиси во сите земји од поранешна Југославија и уште во 15 земји на Блискиот Исток, Кавказ и Африка.

Проектот на Балкан го финансира УЕФА, како и локалните заедници, учеснички во проектот. Исто така, значајна поддршка е остварена и со надлежните фудбалски куќи, низ развојот на проектот „Grassroots Football” во земјите на Балканот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП