27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНеверојатниот Фелпс освои уште две злата

Неверојатниот Фелпс освои уште две злата

felps133

Најтрофејниот олимпиец во историјата, пливачот Maјкл Фелпс од САД, стана уште потрофеен, откако ги освои златните медали на трките 200 метри делфин и 4×200 слободно и сега има 21 медали.

Американецот до јубилејниот дваесетти медал стaса со победата над големиот ривал и бранител на титулата Чад ле Клос од Јужна Африка во трката на 200 метри делфин, а потоа му помогна на тимот на САД да запише убедлива победа во штафетата.

Фелпс во трката која беше врв на вечерта му се одмазди на ле Клос за поразот во Лондон пред четири години и пливаше 1:53,36, а Јужноафриканецот не стигна ни до пиедесталот со време 1:54,06. Среброто го освои Јапонецот Масато Сакаи 1:53,40, а бронзата Тамаш Кендреши 1:53,62.

Американецот првото вртење го направи по Унгарецот Ласло Чех, но набрзо го презеде водството и не го испушти до крајот. Сакаи во последните 50 метри додаде гас, и ги отплива за цела секунда побрзо од Фелпс, но сепак немаше сила да го загрози во драматичниот финиш.

За разлика од таа трка, онаа на 4x200m слободно беше лишена од возбуда. Американскиот тим во состав Двајер, Хас, Лохти и Фелпс темпото го изгуби дури во третата промена, но дотогаш имаа солидна предност, која на крај Фелпс само ја потврди.

Сад имаше време од 7:00,66, а зад нив беа Британците 7:03,13, додека бронзата ја освои Јапонија 7:03,50.

Фелпс на овие Олимписки игри зеде злато и во дисциплината 4×100 слободно, а може да стигне уште до две медаљи, на 10 0 метри слободно, повторно против Ле Клос, ноќта меѓу петокот и саботата, и на 200 метри мешовито, ноќта меѓу четврток и петок.

Неговата примарна цел веќе е исполнета, а тоа е титулата на 200 метри делфин, која ја испушти во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП