9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал преку Севилја го освои Суперкупот на Европа

Реал преку Севилја го освои Суперкупот на Европа

mr 33

Фудбалерите на европскиот шампион мадридски Реал станаа победници на европскиот Суперкуп откако во вторникот вечерта во норвешки Трондхајм го совладаа актуелниот победник на Купот Европа, Севилја со 3-2 (1-1, 2-2) по продолженијата.

За двата клуба ова беше петто финале во европскиот Суперкуп, а за Севилја беше трето последователно. За Реал ова е третата титула во Суперкупот, по 2002 и 2014 година, додека тимот од Андалузија стана првиот кој играл три финалиња во низа и сите три ги загубил, а единствената титула ја имаат од 2006 година.

За шпанските тимови ова е седма титула во последните осум години, односно вкупно 14. Рекордери се Барселона и Милан со по пет титули.

Европскиот шампион поведе во 21 минута со одличниот гол на Марко Асенси кој од 25 метри го погоди самиот горен агол од голот на Севилја. Победникот на Лига Европа изедначи во 40 минута со голот на Франко Васкез, а целосен пресврт се случи кога во 73 минута Јехвен Конопљанка го реализираше пеналот за водство на Севилја. Пеналот го направи Серхио Рамос кој невнимателно го собори Витоло Сепак, Реал во судиското продолжение на регуларните 90 минути успеа да изедначи токму преку Рамос.

Во 93 минута Колодзијшек беше исклучен поради два жолти картона, а предноста во играчи Реал успеа да ја искористи на самиот крај кога Дани Карвахал по одличниот соло пробив во 119 минута погоди за конечните 3-2.

Реал на овој меч настапи без повредениот Кристијано Роналдо, а поштеди добија и Герет Бејл, Тони Крос и Пепе. Во нападот на „кралскиот клуб“ играа Лукас Васкез, Алваро Мората и младиот Марко Асенсио кој во последните две годни играше како позајмен играч во Мајорка и Еспањол. Во вториот дел во игра влегоа Хамес Родригес, Лука Модриќ и Бензема.

И Севилја на овој меч играше со многу променет состав во однос на минатогодишниот. Досегашниот тренер Унаи Емери се пресели во ПСЖ, а со него замина и најдобриот фудбалер Криковјак. Кевин Гамеиро се пресели во Атлетико Мадрид, а Евер Бенега во милански Интер. Новиот тренер е Аргентинецот Хорхе Сампаоили кој досега ја водеше чиленаската селекција, а како засилување дојдоа Краниветер, Сарабиа и Вието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП