Најдобриот српски и светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на Олимписките игри во Рио де Женеиро испадна и од поединечна и од конкуренција во двојки, па најави одмор.
Ѓоковиќ и сонародникот Ненад Зимоњиќ, изгубија со 6:4, 6:4, од бразилската комбинација Марчело Мело/Бруно Соарес.
Со тоа најдобриот светски тенисер уште на третиот ден го заврши својот настап на Олимписките игри, што никој не очекуваше.
Претходно Ѓоковиќ испадна и во сингл конкуренција по поразот од Дел Потро, каде важеше за апсолутен фаворит.
По испаѓањето на Игрите, порача дека ќе го пропушти и турнирот во Синсинати, единствениот од серијата 1.000 кој не успеа да го освои. Потврди дека во акција стапува на УС Опен, кој почнува на 29 август.